Замислувајќи го Балканот – Идентитетите и сеќавањата од долгиот 19 век
Отворање на изложбата „Замислувајќи го Балканот – Идентитетите и сеќавањата од долгиот 19 век“ во Чифте амам… Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска вечерва (четврток, 12.6.2014 година) во 19:00 часот во објектот Чифте амам ќе се обрати на отворањето на изложбата „Замислувајќи го Балканот – Идентитетите и сеќавањата од долгиот 19 век“. Во комплексната поставка која ја раскажува приказната за градењето и за развитокот на модерните нации во Jугоисточна Европа, покрај нашата земја учествуваат и Србија, […]
Изложба на Симонида Филипова Китановска во Мала станица
Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица на 28 мај 2014 година (среда) во 20 часот ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Симонида Филипова Китановска. Изложбата содржи 80-тина акварели. Симонида Филипова-Китановска е родена 1965 Скопје, Р.Македонија. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, 1988год. во класата на проф.Димитар Кондовски и Родољуб Анастасов. Член на ДЛУМ од 1988 год. 1991-1997 живее и работи во Бостон, САД. Добитник е на повеќе награди: Гран-при, Интернационален […]
Завршна изложба од ликовната работилница УМЕТНИКОТ И ЈАС
Завршна изложба со резултати од ликовната работилница УМЕТНИКОТ И ЈАС, во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам … По повод 18 мај, Светскиот ден на музеите, во Националната галерија на Македонија, објектот Даут пашин амам на 19 мај 2014 година (понеделник) во 11 часот ќе биде презентирана завршна изложба со резултати од ликовната работилница УМЕТНИКОТ И ЈАС. Во изминатиов период деца од предшколска возраст, како и ученици од неколку основни и средни училишта […]
Поставка од изложбата TIME COLLECTORS project
Изложбата се состои од дела изработени во разни медиуми како што се сликарство, цртеж, графика, фотографија, видео, инсталација, објект… TIME COLLECTORS project е меѓународна изложба на дела на 16 домашни и странски уметници. Учесници на изложбата се : Биба Кајевиќ (Македонија), Гаврило Миловановиќ (Македонија), Лана Васиљевиќ (Србија), Горан Деспотовски (Србија), Силвија Горак (Полска), Мирна Арсовска (Македонија), Душан Перчинков (Македонија), Кирил Геговски (Македонија), Серџо Парела (Аргентина-Англија), Феликс Брасје (Франција-Англија), Паоло Чампини (Италија), Мустафа Узбакир (Турција), Ѓорѓе Јовановиќ […]
Годишна изложба на основни училишта од град Скопје во Чифте амам
Во Чифте амам ќе се отвори Годишна изложба на основни училишта од град Скопје … Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 6 мај 2014 година (вторник) во 13 часот ќе се отвори Годишна изложба на основни училишта од град Скопје. Во соработка со ликовните педагози од Основните училишта во Скопје на тема Старата скопска чаршија и традиционалните занаети ќе бидат изложени најкреативните и најинтересните дела од младите уметници во една завршна изложба. […]
Изложба “Париз, те сакам” – поставка
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 24 март 2014 година (понеделник) се отвори изложбата “Париз, те сакам”. На изложбата се претставени делата на 41 македонски уметници, кои со поддршка на Министерството за култура на РМ во текот на изминатите години имаа можност да остварат двомесечен студиски престој во „Меѓународниот град на уметностите“ во Париз, светската метропола на уметноста.
Монографија за донациите во културата од Амбасадорскиот фонд на САД
Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје вчера ја промовираше монографијата „Зачувување и заштита“, во која се претставени реализираните проекти од културното наследство во Македонија, Албанија, Косово и во Црна Гора, заштитени и обновени со грантови од Амбасадорскиот фонд, од 2001 до 2012 година … Од Амбасадорскиот фонд на САД во Македонија се инвестирани повеќе од 1 милион долари во 11 проекти за зачувување, реставрација и конзервација: Јавна зграда – Стоа на локалитетот Вардарски рид […]
Отворена изложбата на Бурим Укиќи во Чифте амам
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам во вторникот (10 декември) беше отворена изложбата на академскиот сликар Бурим Укиќи. Изложбата содржи 40-тина дела масло на платно.
Бурим Укиќи изложува во Чифте амам
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам на ден 10.12.2013 год. (вторник) во 19 часот ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Бурим Укиќи. Изложбата ќе содржи 40-тина дела масло на платно. Бурим Укиќи дипломирал на Факултет за ликовни уметности при Државниот Универзитет во Тетово, насока сликарство. Продолжил на постдипломски студии во 2008/2009 година каде што во 2010 година магистрирал. Сликарството на Бурим Укиќи е магично, мистично, а истовремено реално, чисто, јасно, смирено. Како […]
Отворена изложбата на Љубомир Милошески во Чифте амам
Во Националната галерија на Македонија (објект Чифте амам) во Старата скопска чаршија, отворена е изложбата на уметникот Љубомир Милошески.