Изложбата „Utopia = Good Place or No Place“ во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица на 20 октомври 2015 година, (вторник), во 20 часот ќе се отвори изложба со наслов „Utopia = Good Place or No Place“ на групата БАУМ: Маурин Бахаус – Холандија, Фелипе Кастелбланко – САД/ Велика Британија, Алесандро Фонте – Италија, Шанет По – Полска/Германија, Јетон Муја – Косово, Нино Ломадзе – Грузија и гости на БАУМ од Македонија: Игор Сековски и Ѓорѓе Јовановиќ. Овој проект цели кон делумно […]

Изложба на Агрон Абдули во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам на 09 октомври 2015 година, (петок), во 20 часот ќе се отвори самостојна изложба на  Агрон Абдули. Агрон Абдули преку портретот често пати го повикува ехото на внатрешна средба со својата трансцендентала кое шири светло на човековата природа кое во суштина ги претставува најсуптилните човекови чувства. Многу нешта моше да претстави портретот, бидејќи во поголемиот број на случаи модулацијата на човековиот лик пред нас може да се […]

Изложба со наслов (По)трагите на водата – Акварелот од колекцијата на НГМ

Во Уметничката галерија „Магаза“ во Битола на 23 јули 2015 година (четврток), во 20 часот, ќе се отвори изложбата со наслов (По)трагите на водата – Акварелот од колекцијата на Националната галерија на Македонија. Изложбата е во организација на Националната галерија на Македонија и Дирекцијата за култура и уметност, и е во рамките на проектот „Кич,да!?/сте или не/“ поддржан од Министерството за култура. Во текот на долгогодишната дејност и постоење на Националната галерија на Македонија, галериската […]

Одаловиќ и Милатовиќ – поставка

Ратко Одаловиќ се претставува со колористички цртежи во темнокафеав тоналитет со окер, розови, жолти и сини акценти и површини. Тоа се композиции реализирани со редукција и се исклучително декоративно богати – со орнаментален репертоар што почива на принципите на horror vacui (страв од празен простор) внатре во просторот, кој го опфаќа централниот мотив – симплегма на човековата фигура/креатури и елементи на машинската индустрија. Некогаш се сведени на изолирани карикатурални ликови со модификувани внатрешни организми или […]

“Дезинтеграции” – изложба на Атанас Ботев во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 29 октомври 2014 година (среда) во 20 часот ќе се отвори изложба на Атанас Ботев со наслов Дезинтеграции. Атанас Ботев како сведок на актуелните случувања и ситуации ја гради својата естетска стратегија на демистифицирање на овие општествени феномени. Тој ги коментира рецентните општествени, политички и културни превирања како на локално, така и на глобално ниво. Во контекст на неговиот интерес за креирање на синтеза на историските […]

Изложба на Исмет Рамиќевиќ во Чифте амам

На 28 октомври 2014 година (вторник), со почеток во 20 часот, во организација на НУ Национална галерија на Македонија, во објектот Чифте амам ќе биде претставена самостојната изложба на Исмет Рамиќевиќ под наслов „Насока“. При лоцирањето на местото на Исмет Рамиќевиќ во одредени рамки на историјата на современата македонска уметност, како неизбежна одредница ја посочуваме секако неговата припадност на генерацијата што почнува да создава на оваа почва во осумдесеттите години и што ја дефинира македонската […]

Ана Матовска со „Related parties“ во Мала станица

На 3 јули 2014 година (четврток), со почеток во 20:30 часот, во НУ Национална галерија на Македонија, објект Мала станица, ќе биде отворена самостојна изложба на младата македонска уметничка Ана Матовска под наслов „Related parties“. Изложбата е дел од програмските активности на НУ Национална галерија на Македонија за 2014 година, а е финансирана од Министерството за култура на Република Македонија Ана Матовска е родена во Скопје, Република Македонија во 1982 година. Во 2006 година дипломирала […]

“At Least One Cross A Day After 1.1.2002.” на Роман Уранјек

Роман Уранјек е реномиран уметник кој живее и работи во Словенија, еден од основачите на светски познатиот уметнички колектив IRWIN, дел од култната групација Neue Slowenische Kunst (NSK). Роман Уранјек почнувајќи од 1 јануари 2002 година (денот од кога еврото е платежно средство во Европската Унија), кога го изработува првиот крст интервенирајќи врз европската валута евро, започнува проект насловен At Least One Cross A Day After 1.1.2002 со што секојдневно изработува дело во кој го […]

Проектот МО(НУ)МЕНТ на Гоце Наневски во НГМ

На 21 јуни 2014 година, со почеток во 20:30 часот, во организација на НУ Национална галерија на Македонија, на локација на ул. Јордан Мијалков (поранешна ул. Железничка) бр. 28, ќе биде презентиран проектот МО(НУ)МЕНТ на реномираниот македонски уметник Гоце Наневски. Проектот е составен од комплексен објект со димензии 5500 х 3295 х 2250 мм и видео проекции. Проектот „МО(НУ)МЕНТ“ е дел од програмските активности на НУ Национална галерија на Македонија за 2014 година и е […]

Словенецот Роман Уранјек во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 18 јуни 2014 година (среда), во 20 часот ќе се отвори изложба на Роман Уранјек со наслов At Least One Cross A Day After 1.1.2002.   Роман Уранјек е реномиран уметник кој живее и работи во Словенија, еден од основачите на светски познатиот уметнички колектив IRWIN, дел од култната групација Neue Slowenische Kunst (NSK). Роман Уранјек почнувајќи од 1 јануари 2002 година (денот од кога еврото […]