Отворање на изложбата на Ибрахим Беди
Отворање на изложбата (3 септември 2013) на Беди Ибрахим насловена “Од приказните за амамот” во Чифте амам. Изложбата ја отвори уметникот Ацо Становски и директорката на НГМ, Халиде Палоши. Беди Ибрахим во своето творештво користи неконвенционални материјали во креирањето на делото и нивно комбинирање, создавајќи амбиентални инсталации со симболика во пораката. Така и за оваа изложба пребарувајќи во сопствените сеќавања за приказните за Чифте амам создава сопствена приказна која за идните генерации ќе биде едно […]
(фото) Отворена изложбата “Есен” од уметницата Афердита Кики во Софија
Синоќа во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија беше отворена изложбата “Есен” од уметницата Афердита Кики. Авторката се претстави сo асамблажи и колажи oд својот најнов творечки опус. Ова беше нејзино прво претставување пред бројна публика во главниот град на Бугарија, а нејзиното гостување поддржано од Министерството за култура на Р. Македонија и остварено во соработка на КИЦ на Р. Македонија во Софија и Националната галерија на Македонија. Изложбата ја отворија директорот на македонскиот […]
Ибрахим Беди во Чифте амам (поставка)
Поставката на инсталацијата на Ибрахим Беди во простор, во Чифте амам (Национална галерија на Македонија) – Стара скопска чаршија. Беди Ибрахим во своето творештво користи неконвенционални материјали во креирањето на делото и нивно комбинирање, создавајќи амбиентални инсталации со симболика во пораката. Така и за оваа изложба пребарувајќи во сопствените сеќавања за приказните за Чифте амам создава сопствена приказна која за идните генерации ќе биде едно ново кажување и приказна, но и будење на меморијата и […]
Димче Димески со „Критична маса ~ Првиот бран“ во Чифте амам
Димче Димески; Критична маса ~ Првиот бран Чифте амам, Отворање: 4 септември 2013, 20 часот 04-15.09.2013 На ден среда 30 мај 2012 година, во 18.00 часот Скопје за првпат се вклучува на велосипедската манифестација „ Критична маса“ која се одржува истовремено во 300 градови низ светот, за да се испрати една глобална порака на здружување на велосипедистите насекаде, во подобрување на сообраќајната култура. Самиот автор, како учесник, под импресии од тој урбан настан, ја развива […]
Беди Ибрахим со изложбата “Од приказните за амамот” во Чифте амам
Беди Ибрахим / Од приказните за амамот во Чифте амам Отворање: 3 септември 2013, 20 часот (03-16.09.2013) Чифте амам, еден од трите објекти на Националната галерија на Македонија, објект изграден во средината на 15 век, во својата првобитна намена бања, подоцна адаптиран во галериски простор, отсекогаш бил предизвик за излагање за современите уметници, а не ретко и инспирација за нивното творештво. Беди Ибрахим за својот проект за најновата изложба со наслов Од приказните за амамот е инспириран […]
Афердита Кики во КИЦ Софија
Афердита Кики Културно информативен центар на Република Македонија во Софија Отворање 5 септември, 2013, 18.30 часот Уметноста што ја создава уметницата Афердита Кики плени со силната потреба за ликовно изразување. Едноставно, поседува свој свет на слобода. Со одредени комбинации на линии, боја, јазли, нишки, реси и облици ангажира директно, но и посредно. Кики е уметница со неверојатно изразени фактори на креативност, способност да апсорбира, способност да преобликува, да расчленува и да апстрахира. Оригинална во изразот […]
Станко Ѓоргиев во КИЦ Софија
Во организација на Националната галерија на Македонија, во Културно информативниот центар на РМ во Софија, Бугарија, на 16 јули 2013 година (вторник) во 18.30 часот, се отвори изложба на Станко Ѓорѓиев.
„Копнеж по реалното“ – комплетна поставка
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 10 јули 2013 година (среда) во 20 часот се отвори изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници. Ви ја претставуваме комплетната поставка. Изложбата ќе може да ја проследите и во наредните 30-тина денови.
„Копнеж по реалното“ изложба на современи австриски уметници (Фото)
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, во средата (10 јули 2013 година) се отвори изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници. Изложбата свеченото ја отвори г-а Халиде Палоши, директор на Национална галерија на Македонија, Карин Цимер, куратор на проектот, Ханспетер Хубер, помошник министер во сојузното Министерство за образование, уметност и култура на Р. Австрија и Елизабета Канческа-Милевска, министер за култура на Р. Македонија.
Изложба на Станко Ѓорѓиев во КИЦ Софија
Почитувани, Ве информираме дека во организација на Националната галерија на Македонија, во Културно информативниот центар на РМ во Софија, Бугарија, на 16 јули 2013 година (вторник) во 18.30 часот, ќе се отвори изложба на Станко Ѓорѓиев. Од првите свои настапи во јавноста до денес, Станко Ѓорѓиев истрајно чекори по својата лична патека, разработувајќи и збогатувајќи го во бројни варијанти она што го изнесе на својата прва изложба. Презентираните дела се резултат на долг работен процес, […]