Изложба на Тања Балаќ во Чифте амам

Share Button

На ден 03. 10. 2016 (понеделник), со почеток во 19.30 часот, во галерискиот простор на Национална галерија на Македoнија –објект Чифте Амам ќе биде претставен мултимедијалниот проект „The Birth of a Nation“.

balac vo cifte

Овој проект се состои од неколку видео проекции, и претставува последно и најново видео остварување на авторката Тања Балаќ. Минималистичкиот пристап е свесен избор, чија идеја е да го поттикне размислувањето кај публиката, не само за рефлексијата на светот која не опкружува самите, туку и за саморефлексијата на сопствената позиција во него.

Алесандра Чианети и Ани Јаел Кван (Англија), кураторки на проектот ќе нагласат во предговорт на каталогот „…. Со употреба на камерата како „окото на гледачот“ (Тања Балаќ, Cinewomen 2016), неслучајно ја позиционира бремената жена во центарот на сликата, каде бавното движење, квалитетот и тонот на осветлувањето, направен од страна на кинематографот, Атанас Велковски, функционираат заедно со цел да предизвикаат еден сликарски сензибилитет, не многу поразличен од онаа елеганција присутна во Фламанската мртва природа.

Храбро наметнатата графичка слика исто така повикува на многу други канонични- иконични слики“, како и „….Иако Балаќ го покажува својот деликатен, класичен сензибилитет во нејзината работа, Раѓање на Нацијата претставува едно храбро, експериментално уметничко дело чие темпо, текст и звучен дизајн, се составени со цел да предизвикаат размислување за нејзината татковина, Македонија“,

Изложбата ќе биде отворена до 10.10.2016, а видео проекциите секојдневно ќе се одвиваат во термин од 19.00-21.00 часот.

Share Button