Станислав Бубан и Ева Мајер во Мала станица
Почитувани, Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 11 јуни 2013 година (вторник), во 20 часот, ќе се отвори изложба на Стано Бубан и Ева Мајер. Ева Мајер е родена 1983 година во Соморја (Словачка) и е талентиран графички уметник на најмладата генерација. Дипломирала во 2008 година на Унгарскиот универзитет за ликовни уметности во Будимпешта. Главни теми на нејзината уметност е испитувањето на поединецот на патот во општеството. Ева Мајер ги […]
Омаж за Димче Николов во Чифте амам
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 6 јуни 2013 година (четврток), во 20 часот, ќе се отвори изложба на Димче Николов (1953-1998), по повод 60 години од неговото раѓање. Димче Николов претставува значајна и клучна фигура во на развојот на современата македонска графика и со неговата појава, кон крајот на 70-те години на 20-от век, оваа уметност доби поинаква димензија и квалитет во Македонија. Тој даде свој значаен придонес во афирмирањето на […]
Silentio Pathologia пред Венециската публика
Македонскиот павилјон на 55 Венециско биенале имаеше одлично отворање, проектот Silentio Pathologia на Елпида Хаџи Василева предизвика неверојатен интерес кај публиката. На отворањето имавме повече од 200 гости, меѓу кои во најголем број галеристи, куратори, уметници, претставници на фондации, директори на музеи, делегации и слично. Моќниот проект, неговата комплексност и интригантност, одличната локација на нашиот павилјон, добрата маркетингшка покриеност сето заедно придонесоа да во изминативе 4 дена имаме над 1000 посетители. И како што истакна […]
Росица Лазеска изложува во Мала станица
Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 28 мај 2013 година (вторник), во 20 часот, ќе се отвори изложба на Росица Лазеска. Цртежот како начин на ликовно изразување во кој линијата доминира како изразно средтво некако спонтано се наметнува како продолжение на претходните преокупации на Росица Лазеска – графиката. Експресивната, динамична ткаенина на линии во меѓусебна комуникација со графичките знаци форми и тонови создава хармонично обликувани астрактни композиции. Линијата во нејзините дела е […]
Отворена изложбата на Мајлинда Келменди во Чифте амам
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, вчера (среда, 22 мај 2013 година), во 20:00 часот се отвори изложбата на Мајлинда Келменди, со наслов Идентитет и дијалог. Изложбата ја отвори директорката Халиде Палоши, пред бројните гости и посетители. Мајлинда Келмеди е родена во Тирана, а живее и работи во Приштина. Професор е на Факултетот за ликовни уметности во Приштина и член на Косовската академија на науките и уметностите. Нејзиното творештво е излагано во бројни […]
Мајлинда Келменди со “Идентитет и дијалог” во Чифте амам
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 22 мај 2013 година (среда), во 20:00 часот ќе се отвори изложба на Мајлинда Келменди, со наслов Идентитет и дијалог. Нејзиното трагање по човековите вредности е длабоко инкорпорирано во нејзиното творештво. Потрагата по сопствениот идентитет е основната нишка во нејзиниот ликовен израз. Модалитетите од човековото живеење таа ги пренесува во својата уметност. Историјата како основа за човековата идентификација Келменди ја преточува во визуелни дела што сведочат […]
За престојното претставување на Венециското биенале
Почитувани претставници на медиумите, по неодамнешната прес-конференција по повод Македонскиот павилјон на 55-то Венециско биенале и проектот Silentio Pathologia на нашата претставничка Елпида Хаџи Василева произлегоа брдо реакции над погрешно протолкуваниот аспект на примената на кожите од стаорци во проектот, иако и на самата прес-конференција беше убаво нагласена природата на кожите на стаорците кои се применети во проектот. Имено авторката ниту поддржува, ниту пак било кога работела со уништување на живи суштества. Таа е против […]
Најава за македонскиот павилјон на Венециското биенале
Добредојдовте во Националната галерија на Македонија на прес-конференцијата по повод најавата за отворањето на македонскиот павилјон и промоција на проектот Silentio Pathologia на Елпида Хаџи-Василева, како наш национален претставник на 55-то Венециско биенале. Имено ја користиме оваа прилика за да ве информираме дека делото е успешно завршено и дека утре треба да пристигне во Венеција, за да отпочне неговото инсталирање во просторот на Scuola dei Laneri. Се очекува инсталирањето на трае 10 дена, заради комплексноста […]
Прес во Мала станица по повод настапот на Венециското биенале
По повод престојното 55то Венециско Биенале и подготовките за презентацијата на нашиот Национален павилјон, во четврток, 16 мај 2013 година, во 10.30 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, ќе се одржи прес конференција. 55то Венециско Биенале ќе се одржи од 1 јуни до 24 ноември 2013 година. Насловот на Македонскиот павилјон е Silentio Pathologia, што е всушност проект на Елпида Хаџи Василева. Комесар е Халиде Палоши, куратор Ана Франговска. Инаугурацијата е закашана […]
„Скопје некогаш, сега и во иднина“ во Чифте амам
Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 26 април 2013 година (петок) во 13 часот ќе биде отворена изложба на тема „Скопје некогаш, сега и во иднина“. На изложбата ќе земат учество учениците на возраст од 5-то до 8-мо одделение од сите основни училишта од градот Скопје, кои по претходно објавениот конкурс создадоа дела на тема “Скопје некогаш, сега и во иднина“. Младите автори за оваа изложба работеа во различни техники (цртеж, колаж, […]