Љубомир Милошески изложува во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 3 декември 2013 година (вторник), во 19:30 часот ќе се отвори изложба на Љубомир Милошески. На оваа изложба Љубомир Милошески говори за уметникот како номад и го поставува прашањето – колку е битно местото на живеење за творење. Социо-човекот е преокупиран со мобилната телефонија, интернетот, културата, тој патува, гради… влегува во нова епоха, се преселува (мигрира), влегува во системот на миграции од сите сфери. Преку ова […]

Парк на уметноста во Националната галерија на Македонија (фото)

Фотографии од акцијата на воспоставување на Парк на уметноста. По повод Денот на дрвото – Засади ја својата иднина, која се одржа на 27 ноември 2013 година (среда) во дворот на Даут пашиниот амам во Националната галерија на Македонија. Во акцијата на создавањето на Паркот на уметноста учествуваа уметници, историчари на уметноста, екологисти и љубители на уметноста. Имено со акцијата на засадување на садници, инспирирана од творештвото на интерационални и македоски уметници (Јозеф Бојс, Јоко Оно и Џон […]

Засадување на садници во дворот на Даут пашиниот амам – Парк на уметноста

Во Националната галерија на Македонија по повод Денот на дрвото – Засади ја својата иднина, на ден 27 ноември 2013 година (среда), во 12 часот ќе се приклучи кон оваа еколошка акција на засадување на садници во дворот на Даут пашиниот амам со акција на воспоставување на Парк на уметноста. Имено со акцијата на засадување на садници, инспирирана од творештвото на интерационални и македоски уметници кои со чин на засадување на дрвја дадоа придонес кон […]

„Магијата на Монмартр“ во Мала станица (отворање и поставка)

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 15 ноември 2013 година  се отвори изложбата Магијата на Монмартр – Битола 2013. Фестивалот „Мал битолски Монмартр“ на кој учествуваат најдобрите училишта што ги одредува меѓународно стручно жири, секоја година се одржува низ улиците на Битола, а творештвото на најмладите се изведува на отворен простор низ Старата битолска чаршија. Оваа светски препознатлива манифестација за деца од предшколска и школска возраст претставува исклучителна можност да биде презентирана […]

„Македонско профано сликарство…“ во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 04.11.2013 година беше отворена изложбата „Македонско профано сликарство (XIX – почеток на XX век)“. Куратор на изложбата е Славица Алексоска. На изложбата е поставен дел од македонското ликовно творештво од периодот на Преродбата, кое во голема мера ќе придонесе за расветлување на раниот развој на современата македонска уметност. Пред македонската јавност, покрај познатите и објавени дела, поставени се и досега неизложени дела, позајмени од јавни и […]

Јубилејна изложба на Мартиноски во Даут пашин амам (поставка)

На 22 октомври 2013 во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам се отвори Јубилејната изложба на академскиот сликар и академик Никола Мартиноски – 110 години од раѓање и 40 години од смртта (1903-1973). Никола Мартиноски е автор кој заслужува повторно и по разни поводи да се навраќаме и да се потсетуваме за неговата историска улога и неговото место во создавањето и развојот на современата македонска ликовна уметност, како составен дел на националната култура […]

Изложбата „Магијата на Монмартр“ во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 15 ноември 2013 година (петок), во 13:00 часот ќе се отвори изложбата Магијата на Монмартр – Битола 2013. Фестивалот „Мал битолски Монмартр“ на кој учествуваат најдобрите училишта што ги одредува меѓународно стручно жири, секоја година се одржува низ улиците на Битола, а творештвото на најмладите се изведува на отворен простор низ Старата битолска чаршија. Оваа светски препознатлива манифестација за деца од предшколска и школска возраст претставува […]