Хотел за инсекти – Еколошки инклузивен проект по повод Меѓународниот ден на аутизам
Заокружување на проектот ќе биде на 29 ти април во 10 30 часот во Зоолошката градина на град Скопје каде ќе се постават и изработените творби од страна на учениците. Покрај поставување на хотелите за инсекти ќе биде презентиран прирачник за инсекти кој го изработија студентите од Машинскиот факултет отсек индустриски дизајн. Промените во природата предизвикани од човекот не само што им отежнуваат на инсектите да најдат храна, туку и, и покрај нивната мала […]
„Парче од себе“ – Инклузивен проект по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби
За одбележувањето на Меѓународниот ден посветен на лица со попреченост, Националната галерија својата општествена одговорност во насока на подигнување на личната и колективната свест за поддршка на ранливите категории традиционално ја реализира со инклузивна програма. Оваа година се одржа работилница во техника – мозаик, под наслов „Парче од себе“. Завршните работи од работилницата ќе бидат прикажани на изложба која ќе биде отворена на 15 декември 2023 во 13ч, во мултимедијалниот центар Мала станица. На отворањето […]
Годишна изложба на основните училишта „Шемов и јас“
Ве информираме дека во Националната галерија, објект Даут пашин амам, на 10ти ноември 2023 година (петок), во 13 часот ќе се отвори Годишната изложба на основните училишта под наслов „Шемов и јас“. На отворарањето ќе се обрати директорката на галеријата д-р Дита Старова Ќерими, проф. Симон Шемов и едукаторот на проектот м-р Маја Димитрова. „Годишната изложба на основни училишта е изложба која традиционално е поддржана од Министерството за култура, а во организација на Националната галерија. Идејата […]
Европски денови на културно наследство 2023
Деновите на европското наследство се најпрославуваниот културен настан што го споделуваат луѓето од Европа. Советот на Европа ја покрена иницијативата во 1985 година, а во 1999 година се придружи и Европската унија за да се создаде заедничка акција, која продолжува до денес. Во септември, секоја година, настаните на ЕДКН, често наречени отворени денови на наследството, се одржуваат во земјите-членки на Европската културна конвенција, вратите се отворени за бројни споменици на културата и локалитети, овозможувајќи им […]
Конференција за современа музејска едукација
КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА СОВРЕМЕНА МУЗЕЈСКА ЕДУКАЦИЈА, Национална галерија, Даут пашин амам, Скопје, 30-31 мај 2023 Почитувани, Со особено задоволство ја најавуваме и воедно Ве покануваме да учествувате на конференцијата за современа музејска едукација која ќе се одржи во Даут-пашиниот амам во Скопје на 30 и 31 мај 2023 година. Домаќин на конференцијата е Националната галерија на Северна Македонија и е организирана во партнерство со Fontys Fine and Performing Arts – Fontys University of Applied Sciences од […]
„Лавиринт на уметноста 2“ низ Постојаната поставка на Националната галерија во Даут пашин амам
Драги наши ученици, ликовни педагози, љубители на уметноста! Имаме големо задоволство да ве информираме дека во објектот Даут пашин амам на Националната галерија е во тек второто издание на музејската едукативна работилница „ЛАВИРИНТ НА УМЕТНОСТА 2“. Наменета е за ученици од петтите и шестите одделенија од основните училишта. Реализацијата на работилницата започна на 1ви Април 2023. Оваа музејска работилница има едукативен, истражувачки и награден концепт. Пред сите учесници е поставена загатка, а одговорот се крие […]
Завршна изложба на инклузивниот проект “Замисли желба”
На 14 ти декември 2022 (среда), во 13 часот во просториите на Чифте амам заокружуваме инклузивен проект и Ве каниме да бидете дел од нашата приказна насловена „Замисли желба“ Во годината што изминува и која полека си ги пакува куферите со сите наши достигнувања станавме посигурни и поискусни во она што го работиме, но и посвесни и поодговорни за Светот околу нас. Едукативното одделение на Националната галерија изминатиов период организираше креативни работилници со тема […]
Придружна едукативна програма на проектот „Допирот“
Погледнете ја придружната едукативна програма на проектот „допирот“, дел од Идни екологии“, кој во следните месец дена ќе можете да ги проследите во Националната галерија, во мултимедијалниот центар Мала станица.
„Виртуелно ЈАС“ – инклузивен проект за компјутерска графика
Националната галерија секоја година се приклучува во одбележување на месец април – месец посветен на подигнување на свеста за присуството и прифаќањето на лицата со аутизам. Оваа година, во соработка со Гимназијата „Алгоритам“, организираме инклузивен проект за компјутерска графика на тема „Виртуелно ЈАС“. Преку компјутерска графика, децата од оваа ранлива категорија ќе бидат во можност да се претстават и изразат на креативен начин преку дигиталната технологија. Учество ќе земат ученици од Гимназијата „Алгоритам“, како и […]
Проект: „Детски фасцинации 20“
Во рамки на манифестацијата „Европски денови на културно наследство“ чија тема за оваа година е „Културното наследство и училиштата“ ние како институција преку едукативното одделение земавме учество. Во таа насока, во месец септември, се реализираат креативни работилница со наслов „Детски фасцинации 20“. На работилниците учествуваат деца на возраст од 6 до 15 год од повеќе основни училишта од градот Скопје. Тие работеа во просториите на Чифте амам во амбиентот на изложбата на Атанас Атанасоски „Пејсажни […]