Изложба на Маневски и Шумковски „Две изложби, а еден настан“

Во рамките на Програмата на Националната галерија на Македонија на 10 декември 2015 година (четврток), во 19 часот во објектот Мала станица ќе се отвори изложба на Благоја Маневски и Јован Шумковски со наслов „Две изложби, а еден настан“. Благоја Маневски и Јован Шумковски се клучни имиња во генерирањето на македонската современа сцена. Тие се претставници на генерација творци што ги почнаа своите активности од средината на осумдесетите и во крајот на таа и во […]