„Христијанските мотиви во современата македонска ликовна уметност“ во Чифте амам
На 19 мај (четврток), во 12 часот, во објектот Чифте амам на Националната галерија на Македонија, ќе биде отворена изложбата „Христијанските мотиви во современата македонска ликовна уметност“. Изложбата ретроспективно го елаборира присуството на религиозните односно христијанските теми / мотиви во современата македонска ликовна уметност од почетоците на дваесеттиот век (периодот на појавата на граѓанското сликарство) до денес. Изложбата се темели на фактот дека повеќе од два милениуми Христијанството е доминантната сила што ги обликува (не […]