Изложба на Вана Урошевиќ “Кабинети на чуда и библиотеки”

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 11 декември 2015 година (петок), во 20 часот, ќе се отвори самостојната изложба на Вана Урошевиќ. Својата најнова самостојна изложба Вана Урошевиќ ја има насловено: “Кабинети на чуда и библиотеки”. Следејќи некои од своите омилени теми од доменот на “тајниот живот на предметите”, оваа ликовна уметница овојпат својот интерес го насочува кон збирките произлезени од собирачката страст и несекојдневниот вкус на особено љубопитните поединци – кон […]