Поставка – Изложба од Конкурсот за откуп на ликовни дела

Најголемиот дел од откупените дела се наменети за збогатување на збирките и поставките на Музејот на современата уметност и Националната галерија на Македонија. Од пристигнатите 228 пријави или вкупно 605 дела, петчлената стручна комисија, направи селекција на 64 уметнички дела, од различни визуелни медиуми: слики, скулптури, објекти, инсталации и видео инсталации од повеќе еминентни автори, како од постарата, средната, како и од помладата генерација уметници со цел поттикнување и стимулирање на нивниот иден творечки развој. […]