Изложба на Вељо Ташовски во Штип во организација на НГМ

Во Завод-Музеј Штип, галерија Безистен, на 19 јуни 2015 година (петок), во 20 часот, ќе се отвори изложба на Вељо Ташовски. Изложбата е во организација на Националната галерија на Македонијa. Изложба на Вељо Ташовски претставува пресек на целокупното творештво на авторот, опфаќајќи ги сите периоди во неговото творештво. Станува збор за повеќе слики во комбинирана техника. Ликовниот дискурс на Ташовски се реализира во просторот меѓу илузијата и симулацијата. При тоа авторот се откажува од илузијата […]