Реализирани програмски изложби на НГМ во 2015 година
Ова се програмските изложби на Националната галерија на Македонија, кои се одржаа во текот на 2015 година, во објектите на институцијата. Изложба на Одаловиќ и Милатовиќ во Чифте амам Ратко Одаловиќ се претставува со колористички цртежи во темнокафеав тоналитет со окер, розови, жолти и сини акценти и површини. Тоа се композиции реализирани со редукција и се исклучително декоративно богати – со орнаментален репертоар што почива на принципите на horror vacui (страв од празен простор) внатре во […]