Уметничката група XXL во Мала станица
На програмскиот календар на Националната галерија, 15 декември е термин предвиден за официјалното претставување на уметничката група XXL и oтворањето на изложбата е закажано во 18 часот. Националната галерија на Република Северна Македонија (Мултимедијален центар „Мала станица“) ја претставува групата XXL, создадена во 1994 година, во Софија. По децениско меѓусебно непознавање (или делумно познавање) на тековните процеси во уметноста на двете земји, оваа изложба ја гледаме како уште еден чекор кон трајна соработка во областа […]