Свечено отворање на изложбата „Трансфигурирање“ на НГМ во Прага

Изложбата, на која се поканети голем број гости и претставници на дипломатскиот кор, претставува централна активност во одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Чешката Република во чии рамки, во текот на целата година, беа презентирани повеќе културни содржини. Во организација на Националната галерија на Македонија, во Чешкиот центар во Прага, Чешка, на 27 ноември 2014 година, во 18 часот ќе се отвори изложбата Трансфигурирање на која излагаат македонските уметници: Јован Шумковски, Ѓорѓе […]

Гостување на НГМ со изложбата “Леб и сол” во Виена

Во организација на Националната галерија на Македонија, во Palais Porcia во Виена, на 7 ноември 2013 година (четврток), во 18:30 часот ќе се отвори изложбата Леб и сол, на која ќе изложуваат 12 македонски уметници. На изложбата насловена „Леб и сол (транзиција и пол)“ се опфатени 12 различни аспекти на видување на транзициските и половите дискурси во македонското општество денес. Генерациската разнородност на селектираните уметници, како и медиумскиот богат концентрат (од класичните слики и скулптури, […]