Изложба на современи австриски уметници вечерва во Чифте амам

Почитувани, Ве известуваме дека во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 10 јули 2013 година (среда) во 20 часот ќе се отвори изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници. Изложбата ќе се отвори во среда, 10 јули, во 20.00 часот, во нашиот објект Чифте амам, а на свеченото отворање ќе говорат г-а Халиде Палоши, директор на Национална галерија на Македонија, Карин Цимер, куратор на проектот, Ханспетер Хубер, помошник министер во сојузното […]

Свечено отворање на изложбата на Демир Бељуљи

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 22 јуни 2013 година во 12 часот се отвори изложба на Демир Бељуљи. Во присуство на бројната публика, изложбата ја отвори директорката на Националната галерија на Македонија, г-ѓа Халиде Палоши. Изложбата е во организација на Скопско лето 2013.

(фото) Изложба на Бубан и Мајер во Мала станица – отворање

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, во вторникот (11 јуни 2013 година) беше отворена изложбата на словачките уметници Стано Бубан и Ева Мајер. Ева Мајер е родена 1983 година во Соморја (Словачка) и е талентиран графички уметник на најмладата генерација. Дипломирала во 2008 година на Унгарскиот универзитет за ликовни уметности во Будимпешта. Главни теми на нејзината уметност е испитувањето на поединецот на патот во општеството. Стано Бубан е роден 1961 година во Сечовце, […]

(фото) Димче Николов во Чифте амам – отворање

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, минатиот четврток (6 јуни 2013 година), се отвори изложба на Димче Николов (1953-1998), по повод 60 години од неговото раѓање. Димче Николов претставува значајна и клучна фигура во на развојот на современата македонска графика и со неговата појава, кон крајот на 70-те години на 20-от век, оваа уметност доби поинаква димензија и квалитет во Македонија. Тој даде свој значаен придонес во афирмирањето на графиката како самостоен ликовен […]

Омаж за Димче Николов во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 6 јуни 2013 година (четврток), во 20 часот, ќе се отвори изложба на Димче Николов (1953-1998), по повод 60 години од неговото раѓање. Димче Николов претставува значајна и клучна фигура во на развојот на современата македонска графика и со неговата појава, кон крајот на 70-те години на 20-от век, оваа уметност доби поинаква димензија и квалитет во Македонија. Тој даде свој значаен придонес во афирмирањето на […]

Silentio Pathologia пред Венециската публика

Македонскиот павилјон на 55 Венециско биенале имаеше одлично отворање, проектот Silentio Pathologia на Елпида Хаџи Василева предизвика неверојатен интерес кај публиката. На отворањето имавме повече од 200 гости, меѓу кои во најголем број галеристи, куратори, уметници, претставници на фондации, директори на музеи, делегации и слично. Моќниот проект, неговата комплексност и интригантност, одличната локација на нашиот павилјон, добрата маркетингшка покриеност сето заедно придонесоа да во изминативе 4 дена имаме над 1000 посетители. И како што истакна […]

Најава за македонскиот павилјон на Венециското биенале

Добредојдовте во Националната галерија на Македонија на прес-конференцијата по повод најавата за отворањето на македонскиот павилјон и промоција на проектот Silentio Pathologia на Елпида Хаџи-Василева, како наш национален претставник на 55-то Венециско биенале. Имено ја користиме оваа прилика за да ве информираме дека делото е успешно завршено и дека утре треба да пристигне во Венеција, за да отпочне неговото инсталирање во просторот на Scuola dei Laneri. Се очекува инсталирањето на трае 10 дена, заради комплексноста […]