Отворена јубилејната изложба на Никола Мартиноски во Даут пашин амам
Во Даутпашиниот амам, во вторникот (22 октомври) во присуство на бројни гости и почитувачи на уметноста, беше отворена голема изложба на основоположникот на македонската современа уметност, Никола Мартиноски.
Изложбата се организира по повод 110 години од раѓањето и 40 години од смртта на големиот мајстор, презентирани се 50 дела во масло на платно, стакло и картон и 20 цртежи, а како дел од оваа изложба македонската јавност за прв пат може да ги види двостраната слика “Акт” изработена околу 1930 година и “Цвеќе” од 1940 година.