Програма на Националната галерија за 2020 година

Почетокот на 2020 година работата на Националната галерија, како и кај сите светски музеи и галерии, се базираше на интерактивни содржини на електронските медиуми и социјалните мрежи. Затекнати во услови на светска криза на културна понуда направивме презентации на ремек делата од нашата Колекција со различен тематски пристап. Го одржуваме контакот со публиката анимирајки ја со поинаков пристап диктиран од реалните, тековни услови и можности. Сепак, неминовно беше да пристапиме кон реализација на програмските содржини […]

Распоред на активностите од програмата на НГМ за јуни 2016

Распоред на активностите од програмата на Националната галерија на Македонија за 2016 година… Објект Мала Станица 25.05-07.06 ,,The day after” Куратор:  Ана Франговска Храната е дел од колективниот ум. Ние сме преокупирани со нејзиното производство, шармирани од нејзините производители и обземени со нејзината презентација. Храната стана идеал, дури и израз на културен копнеж за многу образовани урбани професионалци и културолози. Методи Ангелов и порано се занимавал со вклучување на храната во визуелното изразување, каде покрај вклучување на несвојствен […]

Програма на НГМ за 18 Мај – Меѓународен ден на музеите

Национална галерија на Македонија со свои активности се вклучува во рамките на светската мрежа на музеи и галерии кои го одбележуваат 18 Мај – Меѓународен ден на музеите. Оваа година, темата предложена од Меѓународниот совет на музеите по повод Меѓународниот ден на музеите е „Музеите и културните предели“. Сите активности кои се изведуваат по повод 18 Мај, воедно се и дел од надлежностите и визијата на музеите кои чуваат предмети кои го претставуваат материјалното и […]

Распоред на активностите од програмата на НГМ за мај 2016

Распоред на активностите од програмата на Националната галерија на Македонија за месецот мај 2016 година. Мала Станица 02-08.05 ,, Галерија на портрети” Куратор: Ана Франговска Изложбата е практично збир на нематеријални дела, недофатни на перцепцијата на човекот со денешните биолошки перцептивни можности. Во повеќе од просториите на Мала станица, просторот се неутрализира од аспект на мирис (се варосува, а подот се брише со средство за неутрализирање), а потоа во секоја од просториите се поставува “мирисен квадрат”. […]

Реализирани програмски изложби на НГМ во 2015 година

Ова се програмските изложби на Националната галерија на Македонија, кои се одржаа во текот на 2015 година, во објектите на институцијата. Изложба на Одаловиќ и Милатовиќ во Чифте амам Ратко Одаловиќ се претставува со колористички цртежи во темнокафеав тоналитет со окер, розови, жолти и сини акценти и површини. Тоа се композиции реализирани со редукција и се исклучително декоративно богати – со орнаментален репертоар што почива на принципите на horror vacui (страв од празен простор) внатре во […]