Изложба на Антони Мазневски „Како што е“ во Чифте амам

Share Button

„КАКО ШТО Е“ е наслов на најновиот ликовен проект на Мазневски кој ќе биде претствен на публиката во Националната галерија, во објектот Чифте амам.

Проектот првенствено го афирмира интересот за космичката интеракција но и можноста за реинтерпретација, демонстрација на метод и ракопис, животен пулс.

Целта на изложбата е да се презентира поновата, седумгодишна продукција на авторот пред јавноста, да се предочат истражувањата и усовршувањата во полето на ликовната естетика, филозофската мисла, занаетските квалификации, да се упати или повика ДРУГИОТ на разговор.

Во согласност со безбедносните протоколи за заштита на јавното здравје, изложбата може да се посети на 28 октомври 2020 (среда), од 19 – 21 часот.

Од 29 октомври изложбата ќе може да се посети секој ден, освен понеделник, од 10-18 часот.

Share Button