Изложба на Антони Мазневски „Како што е“ во Чифте амам
„КАКО ШТО Е“ е наслов на најновиот ликовен проект на Мазневски кој ќе биде претствен на публиката во Националната галерија, во објектот Чифте амам. Проектот првенствено го афирмира интересот за космичката интеракција но и можноста за реинтерпретација, демонстрација на метод и ракопис, животен пулс. Целта на изложбата е да се презентира поновата, седумгодишна продукција на авторот пред јавноста, да се предочат истражувањата и усовршувањата во полето на ликовната естетика, филозофската мисла, занаетските квалификации, да се […]
Свечено отворање на изложбата „Трансфигурирање“ на НГМ во Прага
Изложбата, на која се поканети голем број гости и претставници на дипломатскиот кор, претставува централна активност во одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Чешката Република во чии рамки, во текот на целата година, беа презентирани повеќе културни содржини. Во организација на Националната галерија на Македонија, во Чешкиот центар во Прага, Чешка, на 27 ноември 2014 година, во 18 часот ќе се отвори изложбата Трансфигурирање на која излагаат македонските уметници: Јован Шумковски, Ѓорѓе […]